📽️ СЕМАФОРОТ ИМ КАЖА „ДОСТА“ И ТОЛКУ ОД СЛАВЈЕТО Јапонците пак го украдоа шоуто на Мундијалот

Стотици навивачи излегоа на славење по драматичното реми на Јапонија против Холандија. Но, штом на семафорот во Шибуја се запали црвено светло, толпата мирно се повлече на тротоарите.

149

Само 40 секунди траеше навивачкото лудило на најпознатата раскрсница во светот. Потоа се запали црвено светло и улицата за миг остана празна.

Јапонските навивачи излегоа да го прослават драматичното реми од 2:2 против Холандија на Светското првенство. Стотици луѓе се собраа на легендарниот премин Шибуја во Токио. Се вееја знамиња. Се пееше. Се скокаше.






Сцената наликуваше на славје какво што може да се види во секој голем фудбалски град. Но само до моментот кога се смени бојата на семафорот.

 

Поврзани содржини