СКОПЈАНЕЦ УКРАЛ ПОДАТОЦИ ОД ГЕВГЕЛИЧАНЕЦ И ПОДИГНАЛ КРЕДИТ Си направил пасош, си подигнал пари

Г.А.(55) од Скопје спротивно на условите утврдени со закон и без согласност на лице од Гевгелија, телефонски ги прибирал неговите лични податоци и ги искористил при правење на лажна патна исправа, која ја употребил во постапка да прибави кредит за себе од финансиско друштво од Скопје, соопшти полицијата.

117

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против Г.А.(55) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела Измама при добивање кредит или друга погодност, Злоупотреба на лични податоци и Фалсификување исправа.

„Пријавениот, во периодот до 18.8.2022 година, спротивно на условите утврдени со закон и без согласност на лице од Гевгелија, телефонски ги прибирал, обработил и искористил неговите лични податоци и ги искористил при правење на лажна патна исправа. Потоа, лажната исправа ја употребил во постапка да прибави кредит за себе од финансиско друштво од Скопје, односно на тој начин на финансиското друштво дал невистинити податоци за имотната состојба и други податоци кои биле значајни за добивање на кредитот. Со ваквите незаконски дејствија пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во износ од 90.000 денари, а причинил и дополнителна материјална штета во износ од 58.694 денари“, соопшти полицијата.






Поврзани содржини