УАПСЕН МАЛОЛЕТНИК, ИСЕКОЛ 70 ДАБОВИ СТЕБЛА Влегол со моторна пила на туѓа парцела
Дрвата ќе бидат вратени на сопственикот на парцелат, а против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Полицијата уапси малолетник од селото Блаце затоа што исекол 70 дабови дрвја на туѓа парцела.
„По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициското одделение Мирковци и од Одделението за криминалистички работи Чаир на 14.6.2026 околу 16 часот на подрачјето на Мирковци лишија од слобода 16-годишник од селото Блаце, скопско. Имено, постапувајќи по претходна пријава, полициските службеници на местото викано Вражји вир на подрачјето на Мирковци го затекнале малолетникот со моторна пила до него и исечени дрва. Екипа на Шумска полиција, исто така, излегла на местото и констатирала дека во парцела сопственост на Ч.Х. биле исечени 70 дабови стебла“, соопшти полицијата.
Моторната пила и дрвата се одземени и за настанот е известен јавен обвинител, се додава во соопштението.
„Дрвата ќе бидат вратени на сопственикот на парцелата. Против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти полицијата.