ВЛАСТА НА СДСМ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ОСТАВИ НЕИСПЛАТЕНИ ПЛАТИ И СУБВЕНЦИИ Сега обврските редовно се сервисираат и расте земјоделското производство

ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека во периодот од 27.07.2024 до 31.12.2024 исплатени се близу 4 милијарди денари, додека од самото преземање на власта од ВМРО-ДПМНЕ до денес исплатени се близу 14 милијарди денари за заостанати и тековни обврски во земјоделството.

41

Кога се чита СДСМ и неговите првенци предводени од Венко Филипче, човек помислува дека СДСМ не е оттука, дека до пред две години не биле власт. Како да се нова партија која до сега не учествувала во власта – пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„Наспроти ова реалноста е следна, СДСМ до пред две години ја предводеа македонската влада и тоа што го оставија зад себе е пустош во сите области, вклучително и во земјоделието.






Земјоделците, се едно од оние кои најсурово на свој грб ја осетија раката од владеењето на СДСМ со неисплатени плати и субвенции, ниски откупни цени, несигурен пласман и земјоделски производи кои завршуваа на буниште.

Владата на СДСМ остави во наследство неисплатени субвенции за земјоделците за цели четири години, почнувајќи од 2020, 2021, 2022 и 2023 година. Тоа е еден цел мандат каде што СДСМ и неговите министри во земјоделие, меѓу кои и Љупчо Николовски, кои за земјоделците не направиле ништо, а парите за исплата никаде ги нема.

И кога сме и кај сточарите и млекото, за што СДСМ зборува и последното соопштение, ги потсетуваме дека, како и кај многуте сектори, така и тука за 17 месеци во нивниот период на власт немаа исплатено субвенции за предадено млеко.

Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт исплатени се 350 милиони денари за неисплатени плати на вработените во ЈП Национални шуми и АД Водостопанство, кои СДСМ со месеци ги остави без приходи.

Во периодот од 27.07.2024 до 31.12.2024 исплатени се близу 4 милијарди денари, додека од самото преземање на власта од ВМРО-ДПМНЕ до денес исплатени се близу 14 милијарди денари за заостанати и тековни обврски во земјоделството.

Неспособноста на СДСМ не се гледа само во неисплатените субвенции и плати, туку и во неискористените средства од кредити, така што државата токму поради нивната неспособност исплати над 2 милиони евра како провизија за неискористени средства по основ на одобрен кредит од KFW.

Тоа што му останува на СДСМ сега да прави е да гледа и да учи како се работи во интерес на државата и граѓаните, вклучително и земјоделците, особено во млекопроизводството, затоа што работата на ВМРО-ДПМНЕ ја потврдуваат и статистичките податоци.

За прв пат после десет години во 2025-та година има зголемување на произведените количини на кравјото млеко за 2,7% во споредба со 2024-та година, зголемување има и во производство на овчото млеко за 4% повеќе во однос на 2024-та година.

Зголемување во однос на 2024 година има и во делот на производството на јајца, во произведените количини на свинско месо, количини кои целосно ги покриваат потребите на домашниот пазар, како и во производството на пченица, при што лани, за прв пат после многу години, се откупија над 300.000 тони пченица“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

За седум годи власт СДСМ не направи ништо за македонското земјоделство, остави само разочарани, револтирани и незадоволни земјоделци.

Додека со ВМРО-ДПМНЕ на власт, македонските земјоделци имаат партнер со кој заеднички ги решаваат сите проблеми и предизвици и заеднички градат стратегии за развој на земјоделството.

Поврзани содржини