СО ШТО Е УЦЕНЕТ ФИЛИПЧЕ ЗА ДА ВОДИ АНТИМАКЕДОНСКА ПОЛИТИКА? Манасиевски побара директен одговор од лидерот на СДСМ
Венко Филипче директно да одговори со што е уценет од група бугарски политичари за да води антимакедонска политика, повика Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
– На сите им е јасно дека Филипче е корумпиран политичар, полн со криминали, афери и скандали, но Филипче мора директно да одговори, со што е уценет од група бугарски политичари за да води антимакедонска политика? Во тотална безидејност за политичкото делување, СДС и Филипче ги бранат бугарските, наместо македонските интереси. Единствен, но и најгласен во државата кој бара спроведување на бугарските барања е токму Венко Филипче. Ова го прави само уценет политичар. Претходно беше Зоран Заев, а сега е Венко Филипче – рече Манасиевски.
Тој нагласи дека Венко Филипче е политичар кој како претседател на партија има понизок рејтинг од самата партија, од само 3%.
– Венко Филипче додека ја чува фотелјата во СДС, поклонета од Зоран Заев, јасно и гласно ги промовира неговите политики на удоволување на секој еден, освен на Македонија и македонскиот народ. Филипче по доаѓањето на новата власт во Бугарија, не почека ниту ден, веднаш се стави на располагање на Румен Радев, и директно изјави дека доколку тој биде на власт, секое едно барање на Бугарија, тој за власт секако дека ќе го исполни. За среќа на македонскиот народ, Венко Филипче и СДС нема да дојдат на власт, затоа што со овие антидржавни политики и ненаучени лекции одржани од страна граѓаните, на следните избори ќе станат маргинална партија, а веќе на изборите по тие, може и да исчезнат од политичката сцена – рече Манасиевски.