ЗАМИНА ГЛАСОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ Почина спортскиот новинар и коментатор Сами Адеми
Aдеми со децении беше препознатлив глас на натпреварите на македонската репрезентација. Колегите и љубителите на спортот го паметат како хроничар на едно важно време во македонскиот фудбал и во спортското новинарство.
Македонската спортска јавност остана без едно од своите најпрепознатливи имиња. Почина новинарот и долгогодишен спортски коментатор Сами Адеми, чиј глас со децении беше препознатлив белег на фудбалските натпревари на националната репрезентација.
Веста за неговата смрт ја сподели Фудбалската репрезентација на Македонија, истакнувајќи дека Адеми „заминал тивко, како што знаат да заминат големите“, оставајќи зад себе богато професионално наследство.
Колегите и љубителите на спортот го паметат како посветен професионалец, кој беше присутен и во моментите на најголеми успеси, но и во најтешките периоди за репрезентацијата.