ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ НА ФОНДАЦИЈАТА „ЃОРЃИ МАРЈАНОВИЌ“ Дела на Шопен, Рахманинов, Хачатурјан и Смокварски, изведени од еминентни музичари
Целта на овој собир е обезбедување едногодишна ИТ и јазична едукација за 20 деца од ЈУ Детски дом „11 Октомври".
Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ” организира хуманитарен концерт „Ѓурѓовден кај Ѓорѓи Марјановиќ” кој ќе се одржи на 6 мај 2026 година (среда) во салонот „19-19″ во Скопје. Со класична музика и хуманитарна мисија, Фондацијата ги возобновува традиционалните „Ѓурѓовденски средби”.
Под уметничко раководство на м-р Даница Стојанова, публиката ќе има можност да ужива во делата на Шопен, Рахманинов, Хачатурјан и Смокварски, изведени од еминентни музичари и млади виртуози, меѓу кои: Васил Атанасов (обоа), Даница Стојанова (пијано), Петар Макариевски (пијано), Весна Ангелова Христов (пијано), Марина Чадо (виолина), Тереза Крцоска (виолина), Виолета Шуковиќ (пијано), дуото Гелебешеви (пијано), и талентираните студенти: Ада Богоевска (виолончело), Ана Манчева (пијано), Јован Станковиќ (пијано) и Гала Нановска (пијано).
Целта на овој собир е обезбедување едногодишна ИТ и јазична едукација за 20 деца од ЈУ Детски дом „11 Октомври”.
– Овој концерт е спој на она што татко ми најмногу го сакаше – убавата музика и вербата во младите луѓе. Преку ‘Фондот за школување’, ние не им даваме на децата само помош, туку им даваме алатки за трајна самостојност – истакна Александар Марјановиќ, извршен директор на Фондацијата.
Влезница за настанот може да се обезбеди на следниот ЛИНК.