📽️ НАФТА ПАЃА ОД ЦРНОТО НЕБО НАД ТУАПСЕ Жителите на рускиот град се бесни на Путин за еколошката катастрофа

По напад со дронови врз нафтен терминал, градот Туапсе се соочува со загадување, евакуации и страв кај населението.

190

Еколошка криза се развива во рускиот град Туапсе на брегот на Црно Море, откако нов напад со дронови предизвикал пожар во морскиот терминал и дополнително ја влошил состојбата во нафтената инфраструктура.

Според локалните служби за итни ситуации, во гаснењето на пожарот биле ангажирани повеќе од сто лица, а дел од жителите од околните населби биле евакуирани и привремено сместени во хотели. Властите соопштија дека ситуацијата е ставена под контрола, но медиумските извештаи укажуваат дека претходните напади веќе предизвикале сериозни оштетувања на нафтените резервоари и прекин на работата на рафинериските капацитети.

 

Во меѓувреме, граѓаните на Туапсе преку социјалните мрежи изразуваат револт и загриженост, тврдејќи дека се изложени на загаден воздух и вода, како и дека нема доволно информации од институциите. Дел од нив опишуваат дека градот е покриен со густ чад и нафтени остатоци, додека здравствените служби предупредуваат на зголемени концентрации на опасни хемикалии во воздухот.

Иако официјалните претставници уверуваат дека нема сериозна закана за населението, дел од жителите велат дека секојдневието станало неизвесно, со чести аларми и страв од нови напади и дополнително загадување.

 

Поврзани содржини