ИРАН ЌЕ ОДГОВОРИ ЖЕСТОКО НА СЕКОЈА ЗАКАНА Арагчи предупредува, војската е целосно подготвена

Иранскиот министер за надворешни работи порача дека земјата е подготвена и за одбрана и за преговори, но само доколку САД го променат пристапот.

122

Вооружените сили на Иран се целосно подготвени „решително да одговорат на секоја закана“, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, додавајќи дека Техеран останува отворен за дипломатија доколку САД го променат својот пристап.

„Иран не започнал наметната војна и Техеран е подготвен да го продолжи дипломатскиот процес доколку САД се откажат од своите прекумерни барања, заканувачка реторика и провокативни дејствија.

Иранските вооружени сили остануваат целосно будни и подготвени за сеопфатна и решителна одбрана на земјата од каква било закана или злонамерен чин“, предупреди тој.

Во одделни телефонски разговори со министрите за надворешни работи на Турција, Катар, Саудиска Арабија, Египет, Ирак и Азербејџан, Арагчи ги презентирал ставовите на Иран за актуелните регионални случувања и ги обвинил САД и Израел за она што го нарече „агресија“ што ја загрозува стабилноста на Персискиот Залив.

Тој оцени дека главните извори на несигурност во регионот се поврзани со воените активности на САД и Израел, вклучително и тензиите околу стратешки важната Ормузска Теснина.

Иранскиот министер изјави дека Техеран, и покрај „длабоката недоверба“ кон Вашингтон, е подготвен да учествува во преговори со посредство на трети страни, со цел да се стави крај на конфликтот и да се намалат тензиите во регионот.

Функционери од неколку земји во регионот, со кои разговарал Арагчи, изразиле поддршка за дипломатските напори и подготвеност да придонесат за смирување на состојбата.

Поврзани содржини