УПРАВИТЕЛ НА ЗГРАДА СИ НАПЛАТУВАЛ ОД СТАНАРИТЕ ИАКО ОСТАНАЛ БЕЗ ЛИЦЕНЦА Се „послужил“ со 208.500 денари

Фирмата на В.Д.(44) од Гостивар се стекнала со противправна имотна корист во износ од 208.500 денари на име резервен фонд.

250

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од Гостивар и В.Д.(44) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама” и „послужување”.

Во текот на 2025, со прикривање на факти, и покрај тоа што на фирмата ѝ била одземена лиценцата за управување со станбени згради, таа продолжила да им наплатува на станарите, наводно за извршени услуги (реновирање и уредување во внатрешни простории на зградата) при што се стекнала со противправна имотна корист во износ од 208.500 денари на име резервен фонд. Второпријавениот В.Д. се товари дека неовластено се послужил со паричните средства во износ од 208.500 денари кои му биле доверени од група станари во зграда, информира МВР во билтенот.

Поврзани содржини