ПРИВЕДЕНИ ДВАЈЦА МАЖИ КОИ БИЛЕ НАСИЛНИ КОН СОПРУГИТЕ Во билтенот влезе и 83-годишен татко кој му се заканувал на 59-годишниот син
Две лица се лишени од слобода, а со три е извршен службен разговор од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие, соопшти полицијата.
На 27.04.2026 во 22:10 часот полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Н.А.(38) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20 часот агресивно се однесувал кон неговата 36-годишна сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
На 28.04.2026 во 03:45 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода С.Ц.(34) од Крива Паланка затоа што физички ја нападнал неговата 26-годишна сопруга и ѝ се заканувал.
На 27.04.2026 во 20:30 часот во СВР Велес, 30-годишна жена од Велес пријавила дека, по претходно недоразбирање, нејзиниот невенчан сопруг ѝ се заканувал.
На 28.04.2026 во 00:50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.Ј.(30) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 27.04.2026 околу 18:30 часот во домот во Скопско физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга.
На 27.04.2026 во СВР Штип, 37-годишна жена од Штип пријавила дека нејзиниот поранешен партнер Е.А. од Скопје ѝ упатувал закани по телефон и социјална мрежа.
На 28.04.2027 во 08:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Ј.Ф.(83) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 27.04.2026 околу 08:30 часот во домот упатувал закани кон неговиот 59-годишен син.
На 27.04.2026 во 22:10 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со М.А.(26) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 03:00 часот физички ја нападнал неговата 25-годишна сопруга.
Полицијата презема мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе поднесе соодветни пријави.