СЕ УРЕДУВА ПЕШАЧКАТА ПАТЕКА НА УЛИЦАТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Ќе се направат и зелени коридори со нови дрвја

33

Градските власти започнаа сеопфатна реконструкција на пешачките патеки во Скопје со цел унапредување на безбедноста и квалитетот на јавниот простор. Во тек е уредување на пешачката патека долж улицата Ѓорче Петров, во должина од 4 километри.

Проектот опфаќа целосна обнова на постојната инфраструктура, како и паралелно создавање зелени коридори со нови дрвја и уредени зелени површини за да се подобрат животната средина и условите за движење.

– Со оваа акција, Скопје продолжува да се развива како модерен и функционален град, насочен кон потребите на граѓаните, со приоритет на безбедноста, пешачењето и одржливиот урбан развој – порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Поврзани содржини