САМО 0,3% ОД ФИМИТЕ ВО ЗЕМЈАВА ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД 250 РАБОТНИЦИ Речиси третина од бизнисите се во трговијата
Податоците за структурата на активните претпријатија според бројот на вработените покажуваат дека најголемо учество од 81% имаат претпријатијата со 1 до 9 вработени
Во земјава во 2024 година активни биле 73.310 претпријатија. Од нив 29,2 % се во секторот трговија на големо и трговија на мало, а 81% имале од 1 до 9 вработени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Податоците за структурата на активните претпријатија според бројот на вработените покажуваат дека најголемо учество од 81% имаат претпријатијата со 1 до 9 вработени, потоа претпријатијата без вработени и претпријатијата со неутврден број вработени (без податок за вработените) со 9,6 %, претпријатијата со 10 до 19 вработени со 4,3 %, па претпријатијата со 20 до 49 вработени, чие учество изнесува 2,9 %, со 1,9 % учествуваат претпријатијата со 50 до 249 вработени и само 0,3% од активните претпријатија имаат повеќе од 250 вработени.