📽️ СНИМКА ОД ОБИДОТ ЗА ОПОЖАРУВАЊЕ НА СИНАГОГАТА Две лица прескокнуваат ограда, прскаат, фрлаат бакљи
На снимката се гледаат две лица како прескокнуваат ограда и се доближуваат до влезот на објектот. Потоа, тие прскаат со запалива течност, по што фрлаат бакља и предизвикуваат пожар.
Амбасадорката на Израел во Македонија, Вивијан Ајзен, објави видео-снимка од обидот за опожарување на синагогата во Скопје, направена од безбедносни камери.
На снимката се гледаат две лица како прескокнуваат ограда и се доближуваат до влезот на објектот. Потоа, тие прскаат со запалива течност, по што фрлаат бакља и предизвикуваат пожар.
— Vivian Aisen 🇮🇱 (@VivianAisen) April 12, 2026
Од СВР Скопје за МИА изјавиле дека во двор на верски објект биле забележани канистар за гориво и траги од горење.
Еврејската заедница во Македонија го осуди овој чин и апелира до надлежните органи за целосно расветлување на случајот и доследна примена на законите, како и за гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани.