ГО ОСТАВИЛ ПОВРЕДЕНИОТ СОПАТНИК И МУ ЈА ДУВНАЛ Мопедист удрил во кола и побегнал

Во несреќата вчера попладне во Скопје тешко е повреден 16-годишниот сопатник на мопедот.

352

На крстосница во Скопје вчера попладне се случила сообраќајна несреќа по која возач на мопед избегал, оставајќи зад себе тешко повреден малолетник.
Несреќата се случила на раскрсница кај улицата Војвода Чакаларов околу 15:50 часот, каде дошло до судир меѓу автомобил „форд“ управуван од 40-годишна скопјанка и мопед.
По ударот, возачот на мопедот го напуштил местото, додека 16-годишниот сопатник се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Полицијата извршила увид и трага по возачот кој избегал.

Поврзани содржини