ШOКАНТНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ДЕНИЗ РИЧАРДС Актерката ги покажа резултатите од фејслифтингот

Ова не е првпат Ричардс отворено да зборува за козметичките процедури. Актерката претходно призна дека не се плаши од пластична хирургија

1,123

Актерката Дениз Ричардс (55) со години е позната како една од ретките холивудски ѕвезди која отворено зборува за козметичките процедури и не го крие фактот дека е подготвена да инвестира во својот изглед. Наместо да ги крие промените, таа често јавно ги коментира и ги споделува со обожавателите, нагласувајќи дека најважно за неа е да одржува природен изглед.

Овој викенд, Ричардс, заедно со нејзиниот пластичен хирург д-р Бен Талеи, објави на Инстаграм фотографии „пред и потоа“ од фејслифтингот, кои брзо привлекоа големо внимание од јавноста и предизвикаа дискусии за козметичката хирургија во Холивуд.






Во описот на објавата, д-р Талеи не штеди пофални зборови за актерката, нагласувајќи дека таа е личност со исклучителна убавина и карактер.

Суптилни промени што прават голема разлика

Според хирургот, целта на процедурата не била да се промени лицето на Дениз туку да се „обнови“ и да се врати нејзината свежина. На фотографиите по процедурата, тврди тој, видливи се бројни тродимензионални промени – од поуреден изглед на веѓите до помлада контура на челото.

Посебно внимание е посветено на пределот околу очите, каде, наведува тој, е отстранет уморниот израз, но без промена на природниот облик на очите. Изгледот на ушните ресички и линијата на вратот и горниот дел од градите исто така се подобрени, благодарение на комбинација од подигнување и специјална техника за затегнување на кожата.

На фотографиите на кои актерката се насмевнува, се забележува и дека насмевката изгледа порелаксирана и поприродна, што, според хирургот, е резултат на работа на мускулите и подлабоките слоеви на лицето.

Отворено за козметичките процедури

Ова не е првпат Ричардс отворено да зборува за козметичките процедури. Актерката претходно призна дека не се плаши од пластична хирургија, иако постојано нагласуваше дека не користи ботокс или филери.

Минатата година, таа откри и дека за време на снимањето на третата сезона од серијата „Специјални сили“, нејзините импланти во градите пукнале по несреќа на снимањето.

„Паднав и… скокнав од мост, а потоа ми пукнаа имплантите“, рече таа тогаш.

Отвореност без разубавување

Ричардс повторно одлучи да не крие што направила, туку да го сподели целиот процес со јавноста. Многумина го сметаат таквиот пристап за освежителен во индустријата каде што козметичките процедури често се премолчуваат или негираат.

Со својот пример, актерката покажува како е можно да се одлучи за козметички корекции, а воедно да се задржи сопствениот идентитет и природниот изглед – порака што сè уште не е вообичаена во Холивуд.

Фотографиите што ги објави јасно покажуваат колку се суптилни, но сепак забележливи промените, а реакциите на обожавателите се поделени помеѓу изненадување и пофалби за нејзината искреност.

Поврзани содржини