СО ПРОЛЕТТА ЌЕ ДОЈДЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Утрата ќе останат студени, некаде ќе мрзне

Времето утре ќе биде променливо облачно, со повремени слаби врнежи од дожд во западните делови од Македонија, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

176

Времето утре ќе биде променливо облачно, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Во западните делови од Македонија ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец.






Најстудено ќе биде во Берово и Маврово, каде утринската температура ќе се спушти до минус 2 степена. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со дневна температура до 15 степени.

Фото: УХМР

 

Во Скопје утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи од 2 наутро, до 13 степени во текот на денот.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време, со слаб до умерен северен ветер. Утринските температури наместа ќе се спуштат под нула степени.

Од недела дневните температури ќе бидат во пораст.

Фото: УХМР
Поврзани содржини