УКРАЛ АВТОМОБИЛ ОД ДВОР, ПА СЕ ВОЗЕЛ БЕЗ ДОЗВОЛА Валандовчанец заврши во полиција

52-годишен маж од Валандово се сомничи дека украл автомобил од двор во селото Прдејци и бил запрен од полицијата во Гевгелија, при што било утврдено дека возел без дозвола.

63

Полицијата во Гевгелија уапси 52-годишен жител на Валандово кој се сомничи дека украл автомобил од двор во селото Прдејци, а потоа го управувал без возачка дозвола.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи, мажот го одзел патничкото возило „фиат“ во утринските часови, по што се упатил кон Гевгелија. По брза полициска реакција, автомобилот бил запрен во градот, а при проверката било утврдено дека осомничениот нема возачка дозвола.






За случајот е известен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно расчистување на настанот против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани содржини