УБИСТВОТО НА ЛАРИЏАНИ НЕМА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА ИРАН Политичкиот систем на земјата е црвст и отпорен, порача министерот Арагчи

Секако, поединците имаат влијание и секој има своја улога, но присуството или отсуството на еден поединец не влијае врз политичкиот систем во Иран – рече шефот на иранската дипломатија.

105

Убиството на Али Лариџани нема да влијае врз стабилноста на Иран. Политичкиот систем во Иран е цврст и отпорен, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.

„Не знам зошто Американците и Израелците сеуште не ја сфатиле таа фактичка состојба: Исламската Република Иран има силна политичка структура со воспоставени политички, економски и општествени институции“, рече Арагчи.






Тој уште истакна дека „присуството или отсуството на еден поединец не влијае врз таа структура“.

„Секако, поединците имаат влијание и секој има своја улога – некои подобро, некои полошо, некои помалку – но најважно е дека политичкиот систем во Иран претставува многу цврста структура“, истакна тој.

Осврнувајќи се и на убиството на претходниот врховен лидер Али Хамнеи, Арагчи истакна дека и покрај загубата „системот продолжил да функционира“.

Тој рече дека по смртта на Али Хамнеи иранската позиција да не разработува нуклеарно оружје веројатно нема значајно да се промени. Арагчи  уште истакна дека новиот врховен лидер се уште не ја изразил јавно својата позиција по ова прашање.

Поранешниот врховен лидер Али Хамнеи уште во 2000 година со фетва или верски декрет се изјасни против активности за разработка на оружје за масовно уништување.

Поврзани содржини