🎥 ШOК НА ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ Порно глумица се појави пред камерите гола, со црни чизми на нозете

Порно актерката Никола Лауберова предизвикала шок на церемонијата на доделување на наградите „Чешки лав 2026“ кога пристигнала на црвениот тепих сосема гола, облечена само во високи црни чизми, по што обезбедувањето брзо ја отстранило од настанот.

545

Церемонијата на доделување на филмските награди „Чешки лав 2026“ добила неочекувана увертира кога порно актерката Никола Лауберова се појавила на црвениот тепих, сосема гола.

Лауберова пристигнала со автомобил пред местото на церемонијата, а потоа излегла од возилото без никаква облека, облечена само во високи црни чизми. Позирала за фотографите со насмевка и одела по црвениот тепих, што веднаш го привлекло вниманието на публиката.






Додека гостите на престижната вечер се подготвувале да влезат на церемонијата на доделување на наградите, нејзиниот потег предизвикал вистинска врева кај присутните. Фотографиите брзо се прошириле на социјалните мрежи, а многумина го споредија нејзиниот настап со провокативните појавувања на контроверзната модна икона Бјанка Ценсори.

Никола Лауберова е позната по својата работа во индустријата за филмови за возрасни, но дел од публиката ја препознава и од популарното шоу „Naked Attraction“ и од ММА организацијата Clash, каде што исто така имаше јавни настапи.

По краткото позирање на црвениот тепих, обезбедувањето реагирало, ја отстранило од настанот и ја испратило назад до нејзиниот автомобил. Сепак, нејзиното необично доаѓање веќе стана една од најкоментираните сцени на вечерта.

Поврзани содржини