📽️ НЕ ЈА ТРГНА РАКАТА ОД 29 ГОДИНИ ПОМЛАДАТА ДЕВОЈКА Згодната Инес де Рамон во зелен чипкан фустан го привлече сето внимание

Бред Пит и неговата девојка беа во Сан Себастијан по повод филмот „Heart of the Beast“, во кој го игра поранешниот припадник на специјалните сили Џејмс Белмонт.

0

Бред Пит и неговата 29 години помлада партнерка Инес де Рамон се појавија заедно на фестивалот во Сан Себастијан, каде што го претставија неговиот нов филм „Heart of the Beast“. Таа се појави во впечатлив зелен фустан од чипка, а актерот не ја испушташе од рака додека позираа пред фотографите.

Пит, кој има 62 години, носеше црн костум, со косата залижана наназад во стил што потсетува на старите холивудски филмови. Инес (33) избра долг зелен фустан со тенки прерамки, длабоко деколте и проѕирни детали, кој веднаш го привлече вниманието на присутните.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by HELLO! India (@hellomagindia)

Пит и де Рамон првпат заедно се појавија на црвениот тепих во 2024 година на Филмскиот фестивал во Венеција, за премиерата на „Wolfs“. Оттогаш неколкупати се појавија заедно на јавни настани.

Во Сан Себастијан Пит беше по повод филмот „Heart of the Beast“, во кој го игра поранешниот припадник на специјалните сили Џејмс Белмонт. По пад на мал авион, тој и неговото борбено куче Один остануваат заробени во дивината на Алјаска и се борат да преживеат.

Пит во Сан Себастијан привлече големо внимание и поради односот со публиката. Фанови чекале со часови пред фестивалот, а актерот повеќепати се враќал до оградата за да им потпишува фотографии и други предмети.

 

Поврзани содржини