🎥 НАЈАВА ЗА НОВИ НАПАДИ, ХАМНЕИ ВЕРОЈАТНО МРТОВ, ИЗГЛЕДИ ЗА МИР „НЕДОВОЛНО ДОБРИ“ Трамп одржа брифинг за војната во Иран

Американскиот претседател изрази сомнеж дали новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, воопшто е жив, поради шпекулациите за неговата здравствена состојба.

231

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп изјави дека Вашингтон би можел повторно да изведе напади врз клучниот ирански нафтен извозен центар на островот Харг, истовремено намалувајќи ги очекувањата за брзо постигнување мировен договор со Иран.

Во интервју за Ен-Би-Си њуз, Трамп изјави дека американските напади „целосно го десеткувале“ поголемиот дел од островот Харг, додавајќи дека американската војска би можела повторно да ја погоди локацијата.






– Потполно го уништивме. Единствено што не ги погодивме енергетските водови, бидејќи нивната обнова би траела со години – рече Трамп.

Американскиот претседател оцени дека иранските власти се заинтересирани за договор, но нагласи дека условите за тоа „сè уште не се доволно добри“. Тој воедно изрази сомнеж дали новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, воопшто е жив, поради шпекулациите за неговата здравствена состојба.

Трамп истакна дека најголемото изненадување за него биле нападите на Иран врз американските сојузници во регионот на Персискиот Залив.

– Тие земји беа непотребно нападнати. Тоа е најголемото изненадување што го доживеав во целата оваа приказна – изјави тој.

Говорејќи за ситуацијата во Ормускиот Теснец Трамп рече дека не е јасно дали Иран поставил мини во овој стратешки поморски премин, кој е речиси целосно блокиран од почетокот на конфликтот пред две недели.

Ормускиот Теснец претставува еден од најважните светски транспортни коридори за нафта, низ кој во нормални услови минува околу една петтина од глобалната трговија со сурова нафта.

Трамп најави дека американските сили „одлучно ќе го расчистуваат теснецот“, додавајќи дека очекува во операцијата да се приклучат и други земји чии бродови се погодени од блокадата, но не прецизираше кои држави би се вклучиле ниту колку долго би траела таквата операција.

Поврзани содржини