НАТЕПАЛ СЛУЖБЕНИК ОД ВНАТРЕШНА КОНТРОЛА Приведен вработен во „Комунална хигиена“

473

Вработен во Јавното претпријатие „Комунална хигиена Скопје“ нападнал службаник кој извршувал внатрешна контрола во јавното претпријатие.

Полицијата, вчера во 14:50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, го лишила од слобода Д.С.(40) од Скопје, вработен во Јавното претпријатие „Комунална хигиена Скопје“. Тој бил пријавен дека околу 11:20 часот физички го нападнал Б.К.(48) од Скопје, додека извршувал службени дејствија во својство на внатрешна контрола во јавното претпријатие.






По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани содржини