СИН ГО НАТЕПАЛ ТАТКОТО, ПА МУ ГО ЗАПАЛИЛ АВТОМОБИЛОТ Драма во Кисела Вода, насилникот е уапсен
Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.Т.(40) од Скопје, по претходна пријава дека на 11 март околу 1:30 часот физички го нападнал неговиот 61-годишен татко, а потоа го опожарил неговото патничко возило.
Полицијата вчера уапси насилник кој прво физички го нападнал својот татко, а потоа му го запалил автомобилот.
„На 11.3.2026 година во 2:20 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.Т.(40) од Скопје, по претходна пријава дека околу 1:30 часот физички го нападнал неговиот 61-годишен татко, а потоа го опожарил неговото патничко возило“, соопшти полицијата.
Пожарот го изгасиле припадници на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а увид е извршен од увидна екипа од СВР Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додава СВР Скопје.