ПЛАТИТЕ ДА НЕ СЕ КРАТАТ, НО ДА СЕ РАСЧИСТИ СО КОРУПМИРАНИТЕ СУДИИ Некои го валкаат образот на цела фела, вели Костадиновски

Повикувајќи се на тие меѓународни стандарди и на самостојноста и независноста, сум да не се намалуваат платите на судиите и обвинителите, но тие треба да бидат на ниво на задачата и да најдат начин да расчистат со тие т.н. „судии” кои го валкаат образот на цела една фела, вели претседателот на Уставниот суд во поткастот „Каде се парите”.

114

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски смета дека не треба да се кратат платите на судиите и обвинителите, но дека треба тие да бидат на ниво на задачата и да се расчисти со судиите кои го валкаат образот на фелата.

– Повикувајќи се на тие меѓународни стандарди и на самостојноста и независноста, сум да не се намалуваат платите на судиите и обвинителите, но тие треба да бидат на ниво на задачата и да најдат начин да расчистат со тие т.н. „судии” кои го валкаат образот на цела една фела – вели Костадиновски во поткастот „Каде се парите”.






Не ја амнестирам судската власт и таа треба да најде начин да се бори со корумпирани, но не можам да прифатам дека само судската власт има два отсто доверба, вели Костадиновски.

– Се поставуваат предоминантно кон судската власт и прават мобинг. На пример, како можете да очекувате од судската власт да биде ефикасна, кога не и го давате законски определените средства. Граѓаните треба да влезат во судовите, да видат во каква атмосфера и каков амбиент се работи. Но, состојбата таму е очајна. Ако ги нема потребните ресурси, вработени, технички персонал, тоа не функционира. Не ја амнестирам судската власт и таа треба да најде начин да се бори со корумпирани и судии со политички афилијации. Тие судии го „резилат” образот на судската власт. Но, не можам да прифатам дека само судската власт има 2 проценти доверба. И ако е така, што правеле овие други две власти? На годишен одмор биле? Не може да се апстрахираат, тоа е систем. Околу недовербата, тоа е недоверба во целиот државен апарат – вели Костадиновски.

Во врска со предметот во кој е оспорен член 218 од Законот за извршување, а се однесува на можноста физички и правни лица да си ги наплатат долговите од државните и локалните органи, Костадиновски вели дека станува збор за непрецизна норма.

– Мене ми е многу драго што за овој предмет поведовме постапка. И пред пет години се разгледуваше член 218 по друга иницијатива. И тогаш имаше судии, иако сега можам да кажам, тоа не е тајна дека во тој состав, јас и судијата Осман Кадриу изразивме сериозен сомнеж за уставноста на овој член, но мнозинството одлучи, за да не настанат огромни последици пред државата, на некој начин да прогледа низ прсти. Поведена е постапка за членот 218. И од самиот пример на подносителот на иницијативата може да се разбере дека станува збор за неуставна одредба. Тој ни дава два примера, вработен во општинско претпријатие се стекнува со право на пензија, друг вработен не се стекнува со правото на пензија бидејќи претпријатието не ги уплаќало придонесите. Вработениот ја тужи општината, добива правосилна пресуда и не може да ја изврши, токму поради постоењето на овој член 218. Тој е толку нејасна, непрецизна норма, употребува дури некој правен стандард „неопходни за вршење на дејноста”, а во вториот став од овој член му се дава некое дискреционо право на претседателот на судот тој да определи кои средства се неопходни за вршење на дејноста – посочува Костадиновски.

На прашањето дали за ваков важен закон може да има притисоци од извршната власт, Костадиновски категорично ги отфрли тезите во оваа насока.

Поврзани содржини