„ЌЕ ГО НАПОЛНИМЕ ПЕРСИСКИОТ ЗАЛИВ СО КРВТА НА НАПАЃАЧИТЕ“ Иран се закани со жесток одговор ако бидат нападнати неговите острови

Неговата изјава уследи по шпекулациите дека САД би можеле да го нападнат островот Харг во Персиски Залив.

239

Претседателот на парламентот на Иран Мохамад Багер Галибаф денеска предупреди дека секој обид за инвазија врз иранските острови ќе предизвика одговор без ограничување.

„Секоја агресија врз територијата на иранските острови ќе ја уништи секоја воздржаност. Ќе се откажеме од сите ограничувања и ќе го наполниме Персискиот Залив со крвта на напаѓачите“, објави Галибаф на платформата Икс.






Неговата изјава уследи по шпекулациите дека САД би можеле да го нападнат островот Харг во Персиски Залив.

Островот Харг е главен ирански терминал за извоз на нафта.

Поврзани содржини