ВО 15 ДЕНА НИТУ ЕДНА ЖРТВА ВО СООБРАЌАЈОТ ВО СКОПЈЕ „Безбеден град“ ги покажува првите позитивни ефекти

Пратеникот Стојаноски истакна дека со законските измени во Собранието, кои се во тек, се отвора патот да профункционира „Безбеден град“ од 1 февруари и понатаму да се прошири и на други дејности.

223

Статистиката покажа дека во првите 15 дена од тест периодот нема ниту една жртва низ скопските улици и сметам дека тоа е позитивно и тоа е на крај суштината на „Сејф Сити” – рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во гостување на ТВ Алфа.

– Човечки е дека луѓето треба да се навикнат и затоа ја поздравувам одлуката на министерот Панче Тошковски да има тест период. Од друга страна јас би се фокусирал на друга статистика, тоа е дека во првите 15 дена од тест периодот нема ниту една жртва низ скопските улици и сметам дека тоа е позитивно и тоа е на крај суштината на „Сејф Сити”, да бидеме искрени и реални – рече Стојаноски.






Пратеникот Стојаноски истакна дека со законските измени во Собранието, кои се во тек, се отвора патот да профункционира „Безбеден град“ од 1 февруари и понатаму да се прошири и на други дејности.

– И затоа треба таквите реформски закони да не ги гледате низ политички опортунизам, туку низ тоа што на крајот суштински ќе се подобри. Пет закони беа сега заедно со Кривичниот законик тоа е пакет на 6 закони, во кои целата онаа функционалност и детали коишто бараат да почиваат врз законски измени се донесени, така да апсолутно се отвора патот да профункционира системот од 1 февруари. Имавме доста дебати за тие законски измени и сметам дека сето она што го гледавме низ улиците на Скопје, но и низ сите градови во земјава, бидејќи овој систем кога ќе профункционира, ќе биде воспоставен насекаде, бидејќи ќе треба да се прошири на други дејности, веќе сум разговарал со некои од скопските градоначалници, тие сакајќи да го сопрат оној вандализам на оштетување на јавната и урбана опрема сакаат да го инсталираат и таму – рече Стојаноски.

Поврзани содржини