ТУРКАЊЕ, ВЛЕЧЕЊЕ ЗА КОСА И УДИРАЊЕ МЕЃУ ПРАТЕНИЧКИ Општ хаос во Парламент, срамни сцени пред очите на јавноста

Седницата ескалираше во физичка пресметка, по што настана целосен хаос и беше потребна интервенција за смирување на ситуацијата.

682

Дебатата во конгресот на Мексико Сити се претвори во хаос и физички пресметки откако пратеничките почнаа да се влечат за коса, да се удираат и да се туркаат меѓусебе.

Опозицијата протестираше против укинувањето на градскиот институт за транспарентност.






Снимките од салата покажуваат како тепачката ескалирала за неколку секунди.

Пратеничките се нафрлија една на друаг, додека некои стоеја настрана и ја снимаа тепачката со своите мобилни телефони.

Тепачката започна кога една пратеничка ја зграпчи раката на другата. Таа реагираше така што ја тргна раката и ја удираше со лакт во стомакот. Првата жена ја плесна по грбот, а потоа ја зграпчи за коса, ескалирајќи ја тепачката уште повеќе.

Во еден момент, една пратеничка влета и се обиде да ги раздели двете жени, но наскоро им се придружија и други, а туркањето се прошири низ целата сала.

 

Снимките покажуваат како неколку пратенички се туркаат и влечат за коса, додека други ги земаат своите телефони и ја снимаат тепачката во салата.

Пратеничките од опозициската Национална акциона партија (PAN) претходно ја окупираа салата за да протестираат против дебатата за законот. Опозицијата ја обвинува владејачката партија Морена за прекршување на договорот за формирање ново тело за транспарентност, што доведе до окупација на салата.

Седницата на крајот беше прекината и преместена на друга локација за да можат пратениците да ја продолжат дебатата, објавија локалните медиуми.

Поврзани содржини