📷 ЗАПОЧНА НОВОГОДИШНАТА БАЈКА ВО СКОПЈЕ Блеснаa елката, Божиќниот маркет, божиќната ѕвезда, мечето…

Скопјани, но и гости од цела Македонија вечерва уживаа и во балетска претстава, во Божиќниот маркет и во празничната програма „Скопје – новогодишна зимска бајка“, која ќе трае до 31 декември. Градоначалникот им заблагодари на граѓаните и порача дека Скопје чекори напред кон визијата да се развива рамо до рамо со европските градови.

6,000

Градот убав повторно блесна!, напиша градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски споделувајќи фотографии од новогодишната атмосфера на плоштадот Македонија вечерва. Со симболичното притискање копче кое го направи градоначалникот светна елката, а потоа настапи хор составен од десетици деца од скопските училишта со изведба на празнични песни.

Скопјани, но и гости од цела Македонија вечерва уживаа и во балетска претстава, во Божиќниот маркет и во празничната програма „Скопје – новогодишна зимска бајка“, која ќе трае до 31 декември.






Фото: Град Скопје

„Од срце ви благодарам, драги скопјани, најдраги дечиња, за масовното присуство, за радоста и за прекрасната енергија што вечерва ја споделивме заедно. По години сивило, Скопје повторно блесна, свечено ја осветливме новогодишната елка и официјално го отворивме Божиќниот маркет, со што симболично го означивме почетокот на празничната магија во нашиот главен град“, пишува Ѓорѓиевски.

Градоналалникот порача дека со оваа церемонија, „Скопје направи значаен чекор напред кон визијата да се развива рамо до рамо со современите европски градови, создавајќи настани што носат позитивна енергија, заедништво и радост за сите генерации. Оваа вечер ќе остане запишана во историјата и ќе прерасне во убава традиција“.

Фото: Град Скопје

Фото: Град Скопје
Фото: Град Скопје

Тој им се заблагодари на граѓаните.

„Ви благодарам што со вашето присуство ја направивте оваа ноќ навистина посебна. Време е Скопје повторно да живее со светлина, насмевки и празнична топлина“.

Фото: Град Скопје
Фото: Град Скопје
Фото: Град Скопје

Новогодишната програма на плоштадот предвидува секојдневни музички настапи, диџеј сетови и уметнички изведби, додека викендите ќе бидат посветени на најмладите со креативни работилници и анимации.

Централниот дел од програмата започнува на 27 декември со настапи, забави и награди во соработка со Државната лотарија на Македонија. Новогодишната ноќ ќе биде одбележана со концерти на македонски изведувачи, меѓу кои Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Куку Леле и 2 Бона.

Трошокот за украсување на градот изнесува помалку од 70.000 евра, а програмата е наменета за сите граѓани без разлика на вера и нација, нагласи Ѓорѓиевски.

Поврзани содржини