🎥 „ЛУЃЕ, ОСТАНЕТЕ ДОМА АКО МОЖЕТЕ“ Судар на 45 возила, снежна бура направи хаос во сообраќајот во САД

Најмногу доцнења и откажувања на летовите имаше на аеродромите во Чикаго, Њујорк, Бостон, Минеаполис и во Детроит.

134

Поради силна снежна бура и проблеми со софтверот на аеродромите низ САД се регистрирани 1.815 доцнења и 490 откажувања на летови, покажаа податоците на Флајтрадар, американска мултинационална компанија која обезбедува податоци за следење на летовите во реално време.

Најмногу доцнења и откажувања на летови имаше на аеродромите во Чикаго, Њујорк, Бостон, Минеаполис и Детроит.






Авиокомпаниите, исто така, пријавија прекини во распоредот на летовите во текот на викендот откако Федералната администрација за авијација (ФАА) им нареди на илјадници авиони „ербас  А320“ низ целиот свет да го ажурираат својот софтвер.

Националната метеоролошка служба издаде серија предупредувања и совети за зимска бура за денеска, од Монтана до Охајо.

Верижен судар во кој учествуваа 45 возила се случи на меѓудржавен автопат во Индијана во саботата наутро, во близина на Тере Хоте за време на снежни услови. Службеникот за информации на државната полиција на Индијана, Мет Ејмс, истакна дека никој не е сериозно повреден.

Во дополнителното соопштение, 5 часа по првичното соопштение, Ејмс објави дека сите возила вклучени во несреќата се отстранети од патот.

– Луѓе, ако можете да останете дома, останете дома. Луѓето само треба да возат паметно кога ќе почне да врне снег, да ја намалат брзината, да се осигурат дека носат безбедносни појаси, за да бидеме сите безбедни – рече тој.

Поврзани содржини