ГО ПОБЕДИ ФАВОРИТОТ НА УФЦ И СЕ ВРАТИ – НА ГРАДИЛИШТЕ! Така се борат работниците од терен

Градежникот Јуинг не се жали што не доби бонус од 50.000 долари по мечот. Напротив, тој е познат по својата скромност и дисциплина. Надвор од кафезот, Јуинг работи како експерт за безбедност во градежната индустрија и е ко-сопственик на консултантската фирма „Окусејф Нетворк“ во Калифорнија. Со татко му води бизнис кој помага на компании да создадат побезбедни работни услови.

4

Само неколку дена по неочекуваната победа на УФЦ настанот 322, американскиот борец Етин Јуинг повторно ги облече работните чизми и се врати на градилиштето каде што секојдневно работи. На видеото што се прошири на интернет се гледа како неговите колеги го поздравуваат со аплауз и прегратки.

Јуинг го изненади фаворитот Малколм Велмејкер во „Медисон Сквер Гарден“ со доминантен настап, иако влезе во мечот како замена во последен момент. Победи со едногласна одлука на судиите и веднаш стана миленик на публиката.






Меѓутоа, претседателот на УФЦ, Дана Вајт, изненади со тоа што не му додели бонус од 50.000 долари. Токму ова, според американските медиуми, била причината што Јуинг морал веднаш да се врати на својата работа надвор од октагонот.

Борецот Јуинг не се жали. Напротив, тој е познат по својата скромност и дисциплина. Надвор од кафезот, Јуинг работи како експерт за безбедност во градежната индустрија и е ко-сопственик на консултантската фирма „Окусејф Нетворк“ во Калифорнија. Со татко му води бизнис кој помага на компании да создадат побезбедни работни услови.

 

Поврзани содржини