ТРАМП БАРА РУСИТЕ ЦЕЛОСНО ДА СЕ ПОВЛЕЧАТ ОД СРПСКАТА РАФИНЕРИЈА „НИС“ Српската влада свика итен состанок

САД инсистираат зад новите сопственици не смеат да се кријат ниту руски соработници на Газпром ниту руската влада

1,175

САД ноќеска испратиле лоша порака за Србија во врска со НИС дека сакаат целосна промена на сопственоста од страна на руските акционери, но дека е добиено одобрение за преговори за сопственост со важност до 13 февруари ,изјави денеска српската министерката за енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.

-На барањата на адвокатите на НИС, кои ги испратија до американската влада и со кои понудија договор за промена на управувањето во НИС, за прв пат американската администрација јасно и недвосмислено кажа и напиша дека сака целосна промена на сопственоста на руските акционери, односно дека бара излез од руската сопственост од компанијата НИС – рече Ѓедовиќ Хандановиќ.






Таа додаде дека САД инсистираат зад новите сопственици не смеат да се кријат ниту руски соработници на Газпром ниту руската влада

Ѓедовиќ Хандановиќ изјави дека е добиено одобрение за преговори за сопственост со важност до 13 февруари, но не и дека НИС и Рафинеријата можат да продолжат да работат.

Владата на Србија утре ќе одржи состанок во врска со информацијата, на кој се поканети сите директори на јавните претпријатија.

Поврзани содржини