АЛИ АХМЕТИ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПОЛИТИКАТА ПО ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ? Одлуката е блиску, ќе биде соопштена наскоро, објави албански медиум

Извори во ДУИ посочуваат дека тој веќе им ја соопштил оваа одлука на некои од неговите најблиски соработници, а се консултирал и со партнери од Албанија и Косово, објави порталот на албански јазик фол.мк.

4,767

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, сериозно размислува и е блиску до одлука да се повлече од политиката, објави вечерва порталот на албански јазик фол.мк.

Извори во ДУИ посочуваат дека тој веќе им ја соопштил оваа одлука на некои од неговите најблиски соработници, а се консултирал и со партнери од Албанија и Косово, објави медиумот.






Се очекува оваа одлука да биде објавена по локалните изборите, за да не им се наштети на кандидатите на НАИ кои се натпреваруваат во вториот круг.

Ахмети не даде никакви јавни изјави, ниту во медиумите ниту на социјалните мрежи, по изборите на 19 октомври, на кои коалицијата НАИ, предводена од ДУИ, победи само во Липково и во Пласница. Во Пласница, коалицијата Вреди не предложи кандидат, пишува фол.мк.

 

Поврзани содржини