СИНОТ НА КАСАМИ ЌЕ ИГРА ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР ЗА АЛБАНИЈА Гордиот татко се пофали на Фејсбук

Лавдрим е играч на „Шкендија“, а добил покана да настапува за два пријателски натпревара што Албанија ќе ги игра со Ирска.

653

Кандидатот за градоначалник на Тетово од Вреди и актуелен градоначалник, Билал Касами, преку социјалните мрежи се пофали дека неговиот син Лавдрим Касами ќе настапува за Фудбалската репрезентација на Албанија до 19 години.

Лавдрим е играч на „Шкендија“, а добил покана да настапува за два пријателски натпревара што Албанија ќе ги игра со Ирска.






„На врвот од кампањата, најубавата вест што ме направи неизмерно среќен дојде од Тирана. Мојот син, Лавдрим, кој игра за возрасните групи на Шкендија, доби покана од фудбалската репрезентација на Албанија до 19 години за два пријателски натпревари против Ирска“, напиша Касами на Фејсбук.

Тој во постот се заблагодари на фудбалската федерација на Албанија.

Поврзани содржини