КАКО ШТО БИ РЕКЛЕ СРБИТЕ, АХМЕТИ Е „НЕМИРНА ЗАКАЧИЦА“ Лидерот на ДУИ мора да сфати дека внимание не се бара, туку се заслужува, реагираше ВМРО-ДПМНЕ

Ахмети е, што би рекле Србите кои му се идоли, една 'немирна закачица' и мора да сфати дека внимание не се бара, туку се заслужува, порача ВМРО-ДПМНЕ.

1,199

Дојдоа избори и на Ахмети постојано му текнува на крв и квази патриотизам онаков од најдолeн Милошевички вид. Како павлов рефлекс пред секои избори Ахмети си бара актуелност и ги потценува Албанците кои заради тајкуните и шеиците кои Ахмети ги создаде на грбот на чесните Албанци, се живее тешко и се повеќе Албанци се иселуваат од земјава, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Ахмети е, што би рекле Србите кои му се идоли, една ‘немирна закачица’ и мора да сфати дека внимание не се бара, туку се заслужува. Исто како и достоинството и поддршката. И ова што го правиш не е убаво. Да си го потценуваш сопствениот народ и да измислуваш теми кои се погрешни, манипулативни, и создаваат тензии само затоа што си уплашен“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини