ДЕСЕТИЦИ УБИЕНИ ДОДЕКА ЧЕКАЛЕ ХРАНА ВО ГАЗА Израелски напади однесоа животи на луѓе додека примале помош
Трагичен ден во Газа, десетици жртви додека цивили чекале помош, Израел најави истрага
Најмалку 34 лица го загубија животот во денешните израелски напади врз Појасот Газа, соопштија палестински медицински извори.
Според нив, најтрагичниот инцидент се случил во северниот дел на енклавата, каде 17 луѓе загинале додека чекале да добијат хуманитарна помош.
Медицинските екипи изјавија дека дел од жртвите биле убиени во моментот кога очекувале помош од „Хуманитарната фондација во Газа“. Сепак, организацијата остро демантираше дека испратила хуманитарна пратка во тој регион.
Израелската армија информираше дека ќе спроведе истрага за настанот и околностите под кои дошло до смртта на цивилите.