СЕ ОМАЖИ НАЈБОГАТАТА ПРИНЦЕЗА ВО ЕВРОПА Лихтенштајн во бело за свадбата на Мари Каролина
Церемонијата се одржа во катедралата Св. Флорин, а приемот во историскиот семеен замок над Вадуц, каде што гостите уживаа во класичен кралски амбиент.
Во свечена церемонија во Вадуц, што ја спои традицијата со современиот сјај, 27-годишната принцеза Мари Каролина од Лихтенштајн, внука на принцот Ханс-Адам Втори и често опишувана како „најбогатата принцеза во Европа“, се венча со 34-годишниот Леополдо Мадуро Волмер.
Невестата блескаше во лелеава венчаница од фина чипка, дополнета со луксузна круна што ја нагласи кралската силуета. Церемонијата се одржа во катедралата Св. Флорин, а приемот во историскиот семеен замок над Вадуц, каде што гостите уживаа во класичен кралски амбиент.
Младоженецот Леополдо Мадуро Волмер е инвестициски менаџер со корени од Венецуела. Неговиот професионален бекграунд и меѓународен профил совршено се вклопуваат во космополитскиот дух на лихтенштајнската династија.
Кралската куќа на Лихтенштајн важи за исклучително богата, со значајни имоти и удели во банкарството и шумарството. Свадбата го потврди континуитетот на една од најстабилните европски династии, која успешно ги спојува традицијата и модерниот развој.