СЕВЕРНА КОРЕЈА ИСТРЕЛА НЕИДЕНТИФИКУВАНИ РАКЕТИ Пјонгјанг тестира оружје за Русија?

Ракетите биле регистрирани во близина на севернокорејската источна провинција Јужен Хамгјонг и биле „истрелани кон Јапонско Море“, соопшти јужнокорејската војска.

193

Северна Кореја денеска истрела повеќе неидентификувани крстосувачки ракети во море, соопшти јужнокорејската војска.

Ракетите биле регистрирани во близина на севернокорејската источна провинција Јужен Хамгјонг и биле „истрелани кон Јапонско Море“, се вели во соопштението.






Северна Кореја и на 8 мај истрела балистички проектили со краток дострел кон Јапонско Море.

Според некои експерти, можно е да станува збор за тест на оружје наменето за Русија.

Поврзани содржини