ХРВАТСКА ВОВЕДУВА 13-ТА ПЕНЗИЈА Објавено е и како ќе се пресметува нејзиниот износ

Законот воведува нова, поповолна формула за прилагодување на пензиите двапати годишно во сооднос 85 спрема 15 во корист на растот на платите.

371

Владата на Хрватска  подготви Закон за пензиско осигурување со кој се воведува годишен додаток на пензијата, кој колоквијално се нарекува 13-та пензија, но таа нема да биде целосен износ туку ќе зависи од годините на стаж.

Законот е доставен до хрватското собрание, а негова цел е зголемување на пензиите и нивната соодветност, така што вкупната просечна пензија до крајот на мандатот на владата  ќе изнесува 800 евра.






-Ги намалуваме разликите во пензиите, овозможуваме поголемо учество на пензионерите на пазарот на трудот-  изјави министерот за труд, пензиски систем, семејство и социјална политика Марин Пилетиќ.

Тој додаде дека владата ќе го утврди износот на годишниот надоместок во октомври со одлука и исплата во декември, така што ќе се исплати во 2025 година.

-Законот за пензиско осигурување (ЗООО) не се однесува само на еден милион и 230.000 пензионери, туку се однесува и на сите осигуреници, од кои има 1.756.000 – нагласи Пилетиќ.

Законот воведува нова, поповолна формула за прилагодување на пензиите двапати годишно во сооднос 85 спрема 15 во корист на растот на платите. За секое дете, на мајките ќе им се додадат 12 месеци, наместо претходните шест, што ќе претставува зголемување на пензијата на идните корисници во просек за 3% по дете. Се редефинира и бонусот за подоцнежно пензионирање – се укинува условот од 35 години стаж и ограничувањето од 5 години, пишува „Пословни дневник“.

Клучната новина е воведувањето на постојан годишен додаток на пензија за сите пензионери.Без оглед на износот на пензискиот приход, износот на годишниот додаток е врзан за полните години пензиски стаж, кој се зема предвид за пресметување на износот на пензијата, а за оние корисници чија пензија е утврдена без да се земе предвид пензискиот стаж, се утврдува минимален период од 15 години за утврдување на годишниот додаток.

 

Поврзани содржини