ВРАТИ СЕ ВО ДУИ, АХМЕТИ ЌЕ СЕ ПЕНЗИОНИРА На Меџити му било понудено да ја подели Вреди
Како што изјави Меџити, тој не ја прифатил понудата, бидејќи, како што додаде, прифатил да биде дел од промената во коалицијата Вреди.
Првиот вицепремиер Изет Меџити, во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, објави дека имал понуда да ја подели Вреди, објави ТВ21.
Меџити рече дека му понудиле да се врати во ДУИ, да ја преземе партијата и да ја реформира.
Како што изјави Меџити, тој не ја прифатил понудата, бидејќи, како што додаде, прифатил да биде дел од промената во коалицијата Вреди.
– Има обиди и имаше обиди за поделба на Вреди. Ја имав првата понуда, од посредници, ми рекоа да дојдам во ДУИ, сега Артан го нема, партијата ќе се исчисти уште повеќе, Ахмети ќе се пензионира, ние ќе ја преземеме партијата и ќе ја реформираме. Но, јас не прифатив, бидејќи прифатив да бидам дел од промената во Вреди. Таравари прифатил некаква понуда – изјави Изет Меџити, претседател на Демократското движење, дел од коалицијата Вреди.