РУСИЈА ГО КОРИСТИ СЕКОЈ МИГ ЗА ДА УБИВА, МОРА ДА СЕ ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ УБИЈЦИТЕ Зеленски коментираше за рускиот напад врз Дњепар
Војните се прекинуваат со сила - сила против агресорите, сила во одбрана на животот, порача претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по повод денешниот руски напад врз градот Дњепар, ги повика партнерите да ја зголемат помошта за Украина и да извршат притисок врз Москва.
– Русија ги користи секој ден и секоја ноќ за да убива. Треба да извршиме притисок врз убијците и да помогнеме да се стави крај на оваа војна и да гарантираме траен мир. Сакам да им се заблагодарам на сите партнери кои на овој начин ги користат своите можности. Војните се прекинуваат со сила – сила против агресорите, сила во одбрана на животот – порача Зеленски.
Тој нагласи дека денес секој одбранбен пакет од партнерите и сите форми на поддршка од светот за украинскиот отпор „буквално значат заштита на животот“.