СОФИЈА ПРЕДУПРЕДУВА ДЕКА СКОПЈЕ ЈА ЗАГРОЗУВА НАВРЕМЕНАТА ИЗГРАДБА НА КОРИДОРОТ 8, КОЈ Е ВАЖЕН ЗА НАТО „Три месеци чекаме одговор за спогодбата за тунелот“

На 15 јануари 2025 година Република Бугарија ѝ предложи на Република Северна Македонија нацрт-меѓувладин договор за подготовка и за изградба на прекуграничен железнички тунел, што ќе ја поврзува железничката мрежа на двете земји, но досега нема одговор, соопшти бугарското министерство за транспорт.

246

Бугарското министерство за транспорт денеска соопшти дека 3 месеци чека одговор од Македонија во врска со неговиот предлог за изградба на железничкиот граничен тунел на Коридорот 8.

„На 15 јануари 2025 година Република Бугарија ѝ предложи на Република Северна Македонија нацрт-меѓувладин договор за подготовка и за изградба на прекуграничен железнички тунел, што ќе ја поврзува железничката мрежа на двете земји. Ова е единственото отворено прашање меѓу двете земји во областа на железничкиот транспорт, кое, сепак, не е само од билатерално значење, туку претставува и важен елемент на колективната безбедносна архитектура на НАТО и поврзаноста меѓу земјите-членки на ЕУ. Република Бугарија е подготвена веднаш да го потпише договорот и да започне со итни активности за изградба на тунелот. Доколку Скопје има забелешки на предложениот текст, Република Бугарија е подготвена да разговара за нивно надминување, ако е запознаена со забелешките. Повеќе од три месеци нема одговор од Република Северна Македонија на нацрт-спогодбата“, соопшти денеска Министерството за транспорт на Бугарија.






Постои периодично инсистирање на состаноци, без јасна цел и конкретни прашања за дискусија, се додава во соопштението.

„Неподготвеноста на Македонија да даде коментари за предложениот нацрт-договор или да ја потврди својата подготвеност да го потпише текстот во неговата сегашна форма ја загрозува навремената изградба транспортниот Коридор 8, кои има исклучителна важниот за колективната безбедност на НАТО и на ЕУ. Додека чека одговор од Скопје и го мобилизира вниманието на своите партнери од НАТО и од ЕУ кон овој проблем, Република Бугарија ќе продолжи да ги гради и модернизира делниците од Коридорот 8 на своја територија, во кои веќе инвестираше над 4 милијарди лева“, соопшти бугарското министерство за транспорт.

Поврзани содржини