📷 ЖЕНА ЛЕЖИ НЕПОДВИЖНА НА ПЕШАЧКИ НА „ТУРИСТИЧКА“, ЈА УДРИЛ МОТОЦИКЛ Страшна несреќа на најпрометниот булевар во Охрид

На фотографијата од местото на несреќата се гледа телото на жената на коловозот, опкружено со возила кои запреле веднаш по ударот.

2,591

Жена на велосипед е удрена од мотоцикл додека преминувала на обележан пешачки премин на булеварот Туристичка во Охрид, потврдија очевидци за Плусинфо. Според првичните информации, несреќата се случила во попладневните часови, на прометна делница која води кон центарот на градот.

На фотографијата од местото на несреќата се гледа телото на жената на коловозот, опкружено со возила кои запреле веднаш по ударот.






Од СВР Охрид за Плусинфо го потврдуваат настанот. Кај повредената жена првично биле констатирани полесни повреди, а со возило на Итна помош била пренесена во охридската болница.

Од полицијата нѐ информираа дека повеќе детали за оваа несреќа ќе споделат откако ќе предметот ќе биде вратен од кај дежурниот јавен обвинител.

Поврзани содржини