ФИНАНИСКАТА ПОЛИЦИЈА ИСТРАЖУВА НАВОДЕН СОМНИТЕЛЕН КАПИТАЛ ЗА КУПУВАЊЕ ТЕЛЕВИЗИЈА Шпекулациите не помагаат

Апелираме да не се шпекулира и да не се дезинформира јавноста со непроверени и невистинити информации. Надлежните институции постапуваат професионално и согласно закон, со цел заштита на јавниот интерес и интересите на граѓаните, вели добро упатен извор за Плусинфо коментирајќи ги наводите изнесени претходно од СДСМ.

0

Управата за финансиска полиција истражува наводен сомнителен капитал за купување телевизија, дознаваме од добро упатен извор. Изворот апелира да не се шпекулира со непроверени информации.

„Во врска со наводите изнесени од страна на СДСМ за наводен влез на сомнителен капитал и купување на телевизија, ја информираме јавноста дека Управата за финансиска полиција постапува по предмет и ги испитува сите индиции и информации кои беа изнесени во јавноста, а АВМУ врз основа на постапувањето на институциите ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радио. Институциите, во рамки на своите законски надлежности, ги презема потребните дејствија за утврдување на сите релевантни факти и околности. Апелираме да не се шпекулира и да не се дезинформира јавноста со непроверени и невистинити информации. Надлежните институции постапуваат професионално и согласно закон, со цел заштита на јавниот интерес и интересите на граѓаните“.






Претходно, опозициската СДСМ побара да се истражи, како што наведуваат, влезот на српската медиумска машинерија во Македонија истакнувајќи дека, тоа е барање на повеќе телевизии.

„Српската медиумска машинерија преку Еуроњуз и Ало влегува во земјата. На сомнителен начин и со заобиколување на законите“, изјави Богданка Кузеска од СДСМ обвинувајќи за српско-руска агенда.

 

Поврзани содржини