НЕ САКААТ ПОЛИТИЧКИ МРШОЈАДЦИ, ПАРАЗИТИ И ПРОФИТЕРИ НА ПРОТЕСТИТЕ „Ниту една повеќе“ им забрани присуство на политичарите на следниот протест

Следниот протест против насилството врз жените е по две недели во паркот „Жена борец“.

2

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ ги повика граѓаните повторно да излезат на протест против насилството врз жените, и им забрани на партиските членови, како и на сегашни и поранешни министри и премиери да учествуваат.

Во својот повик објавен на социјалните мрежи иницијативата се оградува од политичко влијание и порачува дека нема да дозволи феминистичкиот отпор да се користи како партиски декор. Во соопштението иницијативата упати низа квалификации како „партиски хиени“, „политички мршојадци“, „институционални паразити“ и „лицемерни профитери“.






Денешниот повик од „Ниту една повеќе“ доаѓа по протестот што се одржа во средата, а на кој се побара итна институционална одговорност и навремена заштита на жртвите на родово базираното насилство. На протестот беа забележани неколку поранешни и актуелни политичари.

Организаторите посочија дека протестот е против институциите коишто цела година молчат.

„Нема повеќе изговори, нема да ви дозволиме да закопате уште една жена. Женската борба денес е борба за живот. Продолжува со сите нас и со почит кон сите жени, девојки и девојчиња чии животи беа насилно одземени“, рекоа учесниците на протестот.

Во обраќањата пред Собранието, претставниците на „Ниту една повеќе“ истакна 6 наредби до институциите и побараа тие да бидат реализирани до 10 декември – Денот на човековите права.

Учесниците на протестот пред Министерството за внатрешни работи импровизираа гроб со споменик на кој пишуваше дека таму шочиваат телата на 59 убиени жени, кои се жртви на нституциите.

Следниот протест е по две недели во паркот „Жена борец“.

Поврзани содржини