РАБОТНИК ЗАГИНАЛ ПО ПАД ОД БАНДЕРА ВО ЕЛШАНИ Извршувал задача за телекомуникациска компанија
Загинатиот бил 48-годишен жител на охридското село Лескоец. Увид извршиле јавен обвинител, трудов инспектор и полициски екипи.
Работник на телекомуникациска компанија загинал при извршување работни задачи во охридското село Елшани, соопшти охридската полиција.
Станува збор за Н.К., 48-годишен жител на охридското село Лескоец. Според полицијата, тој паднал од бандера додека извршувал работни задачи.
Несреќата била пријавена во СВР Охрид на 27 август во 14.40 часот.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт на самото место.