МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА НАСКОРО ДА СЕ КОРИГИРААТ НАМЕТНАТИТЕ ЦАРИНИ ОД САД Владата е во постојан контакт со администрацијата на Трамп

Премиерот вели и дека процесот е сензитивен и дека додека не завршат консултациите не може да се даде точен датум за одговор од Вашингтон за царините. Според него, ефектот од царините би можел да биде попроблематичен како секундарен удар од ЕУ, доколку Унијата не се справи со новиот предизвик.

185

„Работиме со нашите партнери и очекуваме ова наскоро да се корегира, ова е резултат на грешка. Нашата размена е во дефицит, а тие држави кои имаа дефицит немаа толку високи давачки. Во контакт сме со повеќе институции. Во наредниот период очекуваме да се реши проблемот“.

Вака изјави премиерот Христијан Мицкоски на прашање зошто Македонија се соочува со 33% царини од администрацијата на САД во споредба со Албанија и Косово на кои од САД им се наметнати само 10%.






Тој вели дека процесот е сензитивен и дека додека не завршат консултациите не може да се даде точен датум за одговор од Вашингтон за царините.

На коментарот дека неговиот одговор наликува на одговорот на Вучиќ кој ја објасни равенката на Трамп и кои индустрии ќе бидат најпогодени во нивниот извоз, на пример текстилците или тутунопроизводителите, Мицкоски рече:

– Секундарните ефекти ќе бидат поголеми, доколку земјите од ЕУ не успеат да го надминат овој удар со тарифите, отколку директните примарни ефекти од нашата трговска размена со САД.

 

Поврзани содржини