📽 ЕКСПЛОЗИЈА ВО СЕРВИСЕН ЦЕНТАР НА ТЕСЛА ВО ЛАС ВЕГАС Гореа автомобили на брендот, ФБИ се сомнева во тероризам

Во инцидентот оштетени се пет возила, а две се опожарени. Спенсер Еванс, специјален агент на ФБИ во Лас Вегас, за новинарите изјави дека инцидентот има карактеристики на терористички напад, но сè уште е рано да се направи конечна проценка. Заедничкиот антитерористички тим на ФБИ моментално го истражува инцидентот.

280

Утринава во сервисен центар на Тесла во Лас Вегас изгореле или се оштетени повеќе возила, а ФБИ не ја исклучува можноста за тероризам, пишува Фокс Њуз.

Во инцидентот оштетени се пет возила, а две се опожарени. Спенсер Еванс, специјален агент на ФБИ во Лас Вегас, за новинарите изјави дека инцидентот има карактеристики на терористички напад, но сè уште е рано да се направи конечна проценка. Заедничкиот антитерористички тим на ФБИ моментално го истражува инцидентот.






Околу 2:45 часот, полицијата во Лас Вегас примила неколку повици во врска со пожари на сервисната станица. Помошник началникот на противпожарната служба Џенифер Вајат изјави дека пожарите биле ограничени на две возила и биле изгаснати пред да стигнат до батеријата. Иако еден осомничен е снимен со камера, полицијата не ја исклучува можноста дека повеќе лица учествувале во нападот. Се уште не е утврдено кои се сопствениците на оштетените возила.

Основачот и извршен директор на Тесла, Илон Маск, го осуди инцидентот, нарекувајќи го луд и длабоко погрешен. Тој, исто така, го нарече инцидентот терористички чин.

 

– Ваков вид насилство е неприфатливо, без разлика каде се случува. На оние кои можеби мислат дека вакво нешто е оправдано, па дури и за пофалба, сакаме јасно да им ставиме до знаење дека ова е федерално злосторство. Ќе дојдеме по вас, ќе ве најдеме и ќе ве гониме во целосна мерка на законот – предупреди агентот на ФБИ. Со него се согласи и гувернерот на Невада, Џо Ломбардо.

Од ФБИ, сепак, не сакаа да одговорат на прашањето дали веруваат дека инцидентот е политички мотивиран или дали има некаква врска со администрацијата на Доналд Трамп.

Шерифот Дори Корен, рече дека полицијата верува оти осомничениот се приближил до канцеларијата облечен во црна облека и користел молотови коктели и огнено оружје за да го изврши нападот.

Корен потврди дека полицијата пронашла неактивиран молотов коктел на местото на настанот, како и докази дека осомничениот испукал најмалку три истрели во различни возила „Тесла“. Тој, исто така, додаде дека полицијата верува оти ова е изолиран инцидент во овој момент и дека нема дополнителна закана за јавната безбедност.

Меѓутоа, напади врз канцеларии и возила на Тесла неодамна се случија и во други држави како Калифорнија и Канзас.

Поврзани содржини