ТАЈНАТА СЛУЖБА НА САД ЗАСТРЕЛА ВООРУЖЕН МАЖ ПРЕД БЕЛАТА КУЌА Доналд Трамп не бил во Вашингтон

Како што се приближуваа, лицето извади огнено оружје и настана вооружен судир, при што нашите службеници испукаа истрели, изјави шефот за комуникации на Тајната служба на САД, Антони Гуљелми.

821

Вооружен возрасен маж бил застрелан од страна на припадници на Тајната служба на САД во недела наутро, надвор од Белата куќа, објави агенцијата веднаш по инцидентот, објави Вашингтон пост.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, не бил во Белата куќа во недела наутро, туку бил во Флорида.






Според шефот за комуникации на Тајната служба, Антони Гуљелми, Тајната служба добила информација за „суицидална личност“ која патувала кон Вашингтон од Индијана. Гуљелми изјави во соопштение дека припадниците на Тајната служба забележале личност која одговара на описот во близина на Белата куќа и го пронашле нејзиниот паркиран автомобил.

– Како што се приближуваа, лицето извади огнено оружје и настана вооружен судир, при што нашите службеници испукаа истрели – изјави Гуљелми.

Лицето било пренесено во болница, а неговата состојба останува непозната.

Поврзани содржини