КАНАДА ПОДГОТВИ КОНТРАМЕРКИ Ќе воведе царини на американскиот увоз од 30 милијарди канадски долари

372

Канада воведува царини од 25 отсто на американски увоз во вредност од 30 милијарди канадски долари со моментален ефект. Ова денеска го соопшти канадскиот премиер Џастин Трудо, цитиран од светските агенции.

Претходно денеска стапија на сила тарифите од 25 отсто што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп за увоз од Мексико и Канада.






Канадската провинција Онтарио соопшти дека воведува царина од 25 отсто за извоз на електрична енергија за 1,5 милиони домаќинства во американските сојузни држави Минесота, Мичиген и Њујорк, објави весникот „Волстрит журнал“.

Поврзани содржини